Фауна во Македонија
Животинскиот свет во Македонија е разновиден со разни видови на диви и питоми животни. Едни од нив човекот значително ги истребил, но исто така, многу од нив заштитил од истребување во националните паркови. Национален парк претставува ограничен дел од некоја територија во кој природата останала неизменета од страна на човекот. Тие се заштитени со закон.
Диви животни
Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.
Мечка
Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичкадивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат воАфрика, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азискитедождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.
Волк
Волкот (Canis Lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.
Рис
Рис (науч. Lynx) — род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор “lynx”, со потекло од индо-европскиот корен “*leuk”, што значи „светлина, сјај“, поради сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со класифицирањето на фамилијата мачки, а некои ги класифицираат како дел од родот Фелис.Каракалот, кој понекогаш се нарекува персиски рис или африкански рис, не припаѓа на овој род.
птици
Орел
Орелите се речиси најголеми грабливци. Клунот им е силно развиен, а на врвот свиткан во облик на кука. Темето наглавата не им е заоблено, туку рамно. Нозете, сè до прстите, им се гаќести, односно им се обраснати со пердуви, освен кај орелот рибар. Крилјата им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу орлите што живеат во Македонија. Долг е околу 90 cm., а раскрилен достигнува и преку 220 cm. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката, односно се покуси од неа. Пердувите на главата и на вратот му се рѓесто жолти. Опашката му е бела, а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да изчезне. Според Законот за ловството, забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.[1]
Орел крстач(Орел зајачар)
Орелот крстач е нешто помал од суриот орел. Ципите на крајот од клунот достигнуваат се до очите.Врвовите од крилјата не достигнуваат до крајот на опашката. Пердувите му се кафено обоени. За разлика од другите орли, пердувите на рамената од крилјата му се бели. Гнездата ги прави исклучиво на дрвја. Во април-мај женката носи 1-3 јајца, врз кои лежи околу 45 дена. Како и сите други орли, бројноста на овој орел во Македонија е мошне мала, па затоа е забранет за отсрел.
Јастреби
Јастребите (науч. Accipitridae) — една од двете главни фамилии во редот најастребовидните (Accipitriformes). Се одликуваат со големи димензии, криви клунови и разновидна морфологија, во зависност од начинот на исхрана. Овиеграбливки се хранат со различен плен, од инсекти до помали цицачи, додека пак некои јадат мрша, па дури и плодови. Фамилијата има космополитска распространетост низ сите континенти (освен на Антарктикот) и некои островски групи во Океанија. Некои видови се преселнички.
Во фамилијата спаѓаат голем број на мошне познати птици, како што сејастребите, орлите, луњите, еите и мршојадците. Орлите-рибари се сместени во своја фамилија (Pandionidae), а истото важи и за секретарот (Sagittariidae) иамериканските мршојадци (Cathartidae). Кариотипните податоци[1][2][3]потврдуваат дека членовите на оваа фамилијата се посебна монофилетскагрупа, но сè уште не е решено дали фамилијата треба да се смести во состав на редот соколовидни (Falconiformes) или пак во свој ред или редови.
Гулаб
Должината на гулабот изнесува 32-34 cm, распонот на крилјата околу 63 cm, должината на опашката 10 cm, а тежи околу 330 г. Женката е нешто помала од мажјакот. Во својата основна форма е со сива боја и зелени и виолетови одблесоци на главата и вратот, но градските форми се појавуваат во најразлични бои. На крилјата се наоѓаат две црни ленти и еден обоен црн прстен околу вратот. На долниот дел од грбот се наоѓаат посветли пердуви. Женката е со нешто посветла боја и има значително помал сјај на градите и вратот. Со помош на зашилените крилја гулабот лета вешто и брзо.
влекачи
Желки
Желките се животни од класата на влекачите. Се карактеризира со коскен или кожен штит, односно оклоп. Секој влекач со оклоп може да се нарече желка.
Желките се древни животни форми кои најпрво се појавиле на Земјата за време на тријасот, кој траел од пред 240 до 205 милиони години. Желките ги преживеале катастрофите кои ги истребиле диносаурусите и многу други суштества при крајот на мезозоикот од пред околу 65 милиони години. Најраните познати фосилни желки биле слични со желките кои живеат и денес. Најраните желки имале заби, за разлика од денешните желки кои се без заби и ги користат острите вилици за да ја гризаат храната. Исто така, раните желки ја немале способноста да ја повлекуваат главата во оклопот.
Гуштери
Иако гуштерите се слични со дождовниците и другите водоземци, сепак се разликуваат по тоа што гуштерите имаат сува лушпеста кожа и повеќето имаат канџести стапала и надворешни ушни отвори. Повеќето гуштери се мали, со четири екстремитети и долга опашка која кај многу видови е фрагилна и лесно кршлива, но се регенерира. Нозете на некои гуштери се многу скусени, правејќи ги змијовидни (како стаклениот гуштер); тие се разликуваат од вистинските змии по нивните подвижни очни капаци и по разликите во структурата на черепните коски, особено на тие од долната вилица. Коските од двете половини на долната вилица од гуштерот се цврсто споени, додека тие на змиите се разделени.
Гуштерите се движат на различни начини, во зависност од телесната структура и живеалиштето. Гекосите имаат лушпести дискови на секое стапало кои им овозможуваат да се прилепуваат за мазни површини. Некои гуштери се добри пливачи, а неколку се адаптирани за искачување по дрва.
Змија
Змија (науч. Serpentes) — безножно животно со долго, совитливо тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачите. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат многу заеднички карактеристики, а особено со т.н. безножни гуштери, кои имаат ситни и речиси незабележливи екстремитети. Но, за разлика од гуштерите, змиите имаат тенок расечен јазик, а кај нив отсуствува надворешно уво. Исто така, додека повеќето од гуштерите имаат подвижни очни капачиња кои периодично се затвораат за да ги заштитат и подмачкаат очите, змиите секогаш ги држат отворени своите очи кои се заштитени со мигателна ципа (неподвижна, проѕирна лушпа).
Како и сите влекачи, змиите се ладнокрвни (ектотермни), што значи дека не можат да произведат своја телесна топлина. Затоа, тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќиметаболизмот не игра улога при терморегулацијата, овие животни можат да преживеат со многу сиромашна исхрана. Некои чекаат со месеци помеѓу последователните оброци, а неколку видови можат да преживеат јадејќи само еднаш или двапати во годината. Кога јадат, змиите целосно го голтаат пленот и не го разгризуваат. Многу змии поседуваат специјализирани вилици со кои можат да проголтаат животни кои се многу поголеми од нивните глави на тој начин што долната вилица има способност да се раздели и да го зголеми усниот отвор и повторно да се склопи. Набљудувањата извршени на африканскиот карпест питонукажуваат на тоа дека овој вид на змија може да изеде животни големи колку антилопа или помала крава.
Водни животни
Пастрмка
Пастрмка (науч. Salmo) — род на риби од семејството на пастрмките(Salmonidae) каде спаѓаат пастрмките и лососите, од кои најпознати сеохридската пастрмка (Salmo letnica), речната пастрмка (Salmo trutta),атлантскиот лосос (Salmo salar) и други. Родот живее претежно во Европа. Само ареалот на атлантскиот лосос се протега до северните краишта наСеверна Америка. Пастрмките и лососите од Тихиот Океан припаѓаат на друг род, наречен куконосни (Onchorhynchus).
Бројот на посебни видови и подвидови во родот Пастрмки е спорен. Атлантскиот лосос и речната пастрмка се широко распространети видови, но највеќето други таксони се ендемски на еден слив (тука спаѓаатохридската пастрмка со подвидовите летница, струшка пастрмка, охридска белвица и тн).

Крап
Крапот е риба која припаѓа на фамилијата Cyprinidae, живее во бавно проточни или непроточни води, така што претежно живее во долните текови на реките и во езерата. Таквите води (топли, со помало количество на кислород и побавно течение) се нарекуваат крапски или ципринидни води.Се размножуваат во пролет, кога возрасните единки патуваат до подрачја погодни за мрестење. Тоа е обично плитка вода во помирни делови на реките или во поплавени зони. Во текот на парењето женката испушта голем број лепливи јајца врз водната вегетација.
Крапот е доста честа риба, а на многу места се одгледува за исхрана. Меѓутоа, голем проблем претставува пуштање на тие одгледувани крапови во природата, бидејќи тој се пари со дивите крапови, со што влијае врз нивната генетска структура.
Црвеноперка
Црвеноперката (лат. Rutilus rutilus) припаѓа на фамилијатакраповидни риби (Cyprinidae). Широко е распространета во слатките води на Европа, источно од Пиринеите и северно од Алпите, живее во водите на Сибир и сливот на Аралското море. Најбројна е во Дунавскиот слив. Перките и се црвени по што го добила името. Ирисот и е редовно црвен. Оваа риба на прв поглед тешко се разликува од писата, а разликата е во тоа што црвеноперката има шилеста уста, и заоблен стомачен гребен меѓу стомачните и аналните перки. Диплоидниот број на хромозоми изнесува 52. Достигнува должина до 45цм и маса од 800 г. За Македонија е карактеристичен подвидот Дојранска црвеноперка (Rutilus rutilus dojranensis Karaman, 1928). Од дојранското езеро годишно се ловат по 323 000 кг. од овој подвид.
Comments
Post a Comment